петок, 24 април 2026
ОЈО ГОКК

Распаднат задник и компликации на лицето наместо убавина добивале пациентки на кои им се аплицирал опасен ботокс и филери, акцијата се проширува

За поубав задник, лице, нос, подигнати очни капаци и поизострен поглед пациентки се боцкале со ботокс и филери, но без да знаат дека се работи за опасни супстанци кои воопшто не се проверени и сертифицирани. Според првичните сознанија, наместо убавина, добиле распадната кожа и контраиндикации. Под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), припадници на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР спроведуваат координирана акција за сузбивање на илегален увоз и дистрибуција на медицински средства наменети за естетски зафати. 

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од ОЈО ГОКК, во тек се интензивни претреси на повеќе локации низ државата.

Детали за тоа дали ботоксот се аплицирал или ампулите завршиле во магацини, за сега официјално не се откриваат, а бидејќи се работи за истрага, не се откриваат ни имињата на приведените, меѓу кои има и лекари. Но, неофицијално на пациентки им биле ставани ампулите во задник, околу очи, во нос, а некои од нив имале сериозни контра индикации и проблеми со распадната кожа и виснат задник онаму каде им била ветувана убавина и затегнат изглед.

Акцијата која од вчера се спроведува е резултат на постоење на основи на сомневање за сторени кривични дела – злосторничко здружување, повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма и примање поткуп.

„До овој момент се обезбедени повеќе лица, но поради обемот и сериозноста на случајот, акцијата се проширува со нови претреси и приведување на други инволвирани лица“, информираат од ОЈО ГОКК.

Оттаму најавуваат дека повеќе детали за целиот случај ќе има кога ќе завршат теренските активности.

Вчера, од Обвинителството информираа дека во акција со е сузбиена организирана криминална група инволвирана во извршување на повеќе кривични дела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ