сабота, 23 мај 2026

Зошто се уапсени цариниците и полицајците – се увезувале лекови како галантерија за мобилни, а се произведувале „екстази“

Објавено на

часот

Сподели

На 5 ноември медиумите објавија вест дека во полициска акција бил спречен шверц со психотропни супстанци, кои влегле во Македонија преку скопскиот аеродром. Вчера во голема полициска акција беа приведени девет лица, полицајци и цариници, осомничени, дел за кривичното дело криумчарење, а дел за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
 
Се работи за добро разработен канал за транзит на лекови за настинка од египетската фармацевтска фирма Апекс фарм, купени од фирмата Нолунт ЛТД ДООЕЛ од Скопје во сопственост на Арбен Дошлаки од Генерал Јанковиќ, Косово. Со помош на цариниците, на шпедитерската фирма и на полицајците, овие лекови во Македонија на скопскиот аеродром влегувале како галантерија за мобилни телефони и била пренесувани преку граничниот премин Блаце во Качаник. Тука во добро опремена лабораторија од лековите се вадел ефедринот, кој се употребува за производство на синтетичка дрога, екстази. Потоа таа дрога била дистрибуирана во регионот. На 5 ноември пратката тежела 500 килограми. 
 
Истрагата треба да утврди колку пати досега на овој начин на скопскиот аеродром биле донесени таблетите од Египет, која е шпедитерската фирма и кој ја има контролата на каргото на аеродромот.
А.Д.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ