петок, 22 мај 2026

За Маричиќ доказ за заложба во правосудството е и повисокиот Буџет

Објавено на

часот

Сподели

„Доказ за нашата заложба и влог во правосудството е и Буџетот за судство предвиден за 2022 година, кој е за 6,5 отсто повисок во споредба со минатата година. Покачување на платите во судството за 15 отсто за сите вработени, вклучувајќи ја и администрацијата. Ќе се зголемуваат и човечките капацитети, со потребни кадри каде што има недостаток во судските инстанци ширум државата“, потенцираше Маричиќ. 

Инаку, во говорот на настанот министерот за правда го изрази своето задоволство од досегашната соработка со Британската Амбасада, наведувајќи ги како партнери и силни поддржувачи на искрената заложба на оваа Влада во спроведувањето на реформската агенда. Функционалната анализа на 27-те основни судови, заедно со веќе изработената Функционална анализа на Министерството за правда, претставува заокружување на процесот на подготовка на функционални анализа за сите правосудни институции во државата. 

На настанот присуствуваа претставници од основните, апелациските и управните судови во земјава, Врховниот суд, Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители.

Новото кривично дело во областа на сообраќајот „безобѕирно управување на моторно возило” е предлог на судии и обвинителите кој учествуваат во работната група за изготвување на новиот кривичен законик. Министерот за правда, Бојан Маричиќ, објаснувајќи ја идејата за ова ново кривично дело, истакна дека во претходниот период имало повеќе случаи каде што за безобѕирно управување на моторно возило имаше казни кој што беа прекршочни, како за влетување на плоштад со 50 евра казна или пак возење на спротивен правец во еднонасочна улица и снимање на видео.

„Потребата на додефинирање или на ова ново кривично дело не е утврдена од мене или од некого поединечно, туку од работната група која што работи на кривичниот законик веќе подолго време предводена од професорот Владо Камбовски, каде членуваат претставници и на судовите и обвинителства и тие ја имаат утврдено потребата да се додефинира ова ново кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило” каде што подетално и појасно се дефинираат елементите на кривичното дело, но и ќе се заострат казните. Како ќе се спроведуваа во пракса ние како Влада не може да гарантираме”, рече Маричиќ.

Министерот Маричиќ, исто така посочи дека Измените на кривичниот законик се веќе во собраниска процедура и очекува тие да бидат усвоени наскоро, но текстот на новиот Кривичен законик, каде што се инкорпорирани новите кривични дела би требало да биде готово до крајот на годината или почетокот на наредната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ