„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 53/17 од обвинителството означен како „ТНТ.”, ја информираме јавноста дека расправата насрочена за 14.12.2021 година се презакажува заради спреченост на обвинителот и дел од обвинетите да присуствуваат на судењето од здравствени причини. Следниот термин за продолжување на главната расправа е 22.12.2021 година од 10:00 часот за што веќе се известени странките во постапката“, соопштуваат од Основниот кривичен суд.
Случајот „ТНТ” се однесува за уривањето на комплексот „Космос” на инвеститорот Фијат Цановски. За делото се обвинети повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.






