сабота, 23 мај 2026

Со гаранција од над 11 милиони евра Сашо Мијалков излегува од притвор

Објавено на

часот

Сподели

Неговата жалба била уважена и решението за притвор е преиначено со прифаќање на гаранцијата. Второстепените судии му определиле мерки на претпазливост односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во судот.

Гаранцијата над 11 милиони евра, се состои од недвижен и движен имот, а ексшефот на УБК треба да излезе во притвор откако ќе завршат административните процедури со ставање на хипотеката на имотот што е понуден како гаранција дека нема да избега.

По ова Апелацискиот суд треба да испрати известување до Основниот суд во Скопје, а потоа тие да го известат Истражниот затвор во Шутка. 

Мијалков издржува мерка притвор во предметот „Трезор”, каде е неправосилно осуден на осум години затвор.

Тој има првостепена пресуда и во случајот „Таргет – Тврдина” со која е осуден на 12 години затвор, а обвинет е и во случаите „Плацови на Водно” и „Титаник 2″, а осомничен е и во предметот „Империја”.

Во „Тортура”, пак, доби ослободителна пресуда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ