петок, 22 мај 2026

Седум и пол години затвор за возачот што со автомобил ја уби Јелена од Куманово

Објавено на

часот

Сподели

„На 19.11.2021 година беше закажано рочиште по предметот за Јелена Филиповиќ на кое беше јавно објавена пресудата со која судот обвинетиот го огласи за виновен и му определи казна ефективен затвор во траење од 7 години и 6 месеци. Воедно судот му изрече и забрана за управување со моторно возило во траење од 5 години. По предлог на јавниот обвинител, судот донесе решение за замена на мерката куќен притвор со затворски притвор”, информираше Коалицијата „Сите за правично судење”.

Сообраќајката во која загина Јелена се случи минатата година, ноќта кога се прославуваше Стара нова година. Со автомобилот се возеле обвинетиот возач, Јелена и уште едно девојче, кои се враќал кон Куманово, кога излетале од патот во близина на Миладиновци.

На 11-ти октомври оваа година, гробот на загинатата 17-годишна Филиповиќ беше ископан од крадци на гробови кои биле пуштени на викенд од затворот во Идризово.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ