сабота, 23 мај 2026

Сашо Мијалков во еден ден доби слобода, па пак притвор од 30 дена

Објавено на

часот

Сподели

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОK бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацеви на Водно”, а имајќи ја предвид итноста на постапката, Кривичниот совет, по добивање на предметот, одржа седница на советот и донесе решение со кое го прифати предлогот на Јавниот обвинител и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена. Советот смета дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т. 1 односно дека постои Опасност од бегство. Решението е во фаза на експедирање до странките во постапката кои имаат право на жалба пред Апелацискиот суд Скопје“, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје. 

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција претходно информираѓе дека до Основниот кривичен суд-Скопје поднело Предлог за определување на мерка притвор за Сашо Мијалков, по обвинение за „перење пари и други приноси од казниво дело” во предметот познат во јавноста како „Плацевите на Водно”.

„По денешната одлука на Апелацискиот суд Скопје со која беше прифатена жалбата на Сашо Мијалков и е преиначено решението за притвор, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за определување на мерката притвор за Сашо Мијалков, обвинет за помагање при кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело” од член 273 став 1 во врска со член 24 од Кривичниот законик, во предметот познат во јавноста како „Плацеви на Водно”, се наведува во соопштението на ЈО.

Според Јавното обвинителство, обвинителот цени дека и покрај дадената гаранција и определените мерки за обезбедување, се уште постои опасност од бегство и во таа насока го доставило предлогот за притвор.

Апелацискиот суд во Скопје денеска ја прифати гаранцијата од 11.106.501 евро со што поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, со што тој ќе излезе од притвор откако ќе биде приложена финансиската гаранција со која мерката притвор се преиначува во мерки за претпазливост, односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во Суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ