петок, 22 мај 2026

Миле Јанакиески излегува од куќен притвор, доби мерка „претпазливост“

Објавено на

часот

Сподели

„Постапувајќи по жалбата изјавена од одбраната на М.Ј., обвинет во предметите со КОК 53/17 означен како ‘Т.Н.Т.‘, КОК 7/18 означен како Титаник, КОК 9/19 означен како Талир, КОК 57/17 означен како Топлик, КОК 52/17 означен како Траекторија и КОК 30/20 означен како ‘Шпански скали‘, ја уважи жалбата за укинување на мерката куќен притвор“, информираат од Основен кривичен суд Скопје.

Наместо куќен притвор Јанакиески доби мерка претпазливост што значи забрана за напуштање на територијата на државата и Град Скопје, односно обврска обвинетиот да се јавува во судот и забрана за издавање на друга патна исправа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ