петок, 22 мај 2026

Маричиќ денес ќе го презентира Планот за подобрување на работата на судовите

Објавено на

часот

Сподели

Функционалната анализа ја опфаќа во целост работата на основните судови преку клучните области за правосудството, односно степенот на независност и непристрасност, ефикасност, транспарентност и отчетност во работењето и квалитет на судската правда, а беа анализирани и аспектите кои се неопходни во секојдневното работење на основните судови односно човечките капацитети, специјализацијата и унапредувањето, достапноста на информатичка технологија и опрема, просторните услови за работа и пристап до судот, како и финансирањето на судството во целост, велат од Центарот за правни истражувања и анализи.

На настанот е најавено обраќање на министерот за правда Бојан Маричиќ и на повеќе судии и универзитетски професори.

„Општиот заклучок за работата на основните судови е дека постојат определени системски недостатоци и слабости во функционирањето на целокупната судска власт, екипираност на стручен судски кадар и достапни технички и финансиски средства. Но, и покрај тоа може да се констатира дека основните судови максимално ги користат расположливите капацитети за обезбедување на минимум услови за функционалност на судот“, додаваат од ЦПИ.

Анализата е еден од главните резултати на проектот „Вградување на аналитички и мониторинг алатки за поддршка на реформите во правосудството на Република Северна Македонија”, поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Свој говор на настанот ќе има и министерот за правда Бојан Маричиќ, вклучително и судии и универзитетски професори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ