сабота, 23 мај 2026

ЈО: И досега наши предмети беа под странски мониторинг, подготвени сме за соработка

Објавено на

часот

Сподели

На прашањата на МКД.мк дали од Јавното обвинителство било побарано мислење пред да биде постигнат политичкиот договор за да се побара од Европската комисија со правни експерти да помогне во анализа на судски пресуди и истраги, од Обвинителството забележаа дека не коментираат политички изјави.

При тоа, Јавното обвинителство нагласува дека постапува стручно и неселективно по сите предмети, врши сеопфатни истраги и професионално ги прибира материјалните и вербални докази во предметите во кои постапува, тргнувајќи од целта – да се гони криминалот и сторителите да одговараат согласно законот.

„Во таа насока, неопходно е процесите да се одвиваат според законските одредби и меѓународното право. Судските постапки за одредени постапки за кои постои интерес во јавноста и до сега се мониторирани од определени меѓународни организации. Покрај тоа по исцрпување на правните лекови во земјата, незадоволната странка може да поведе постапка пред Европскиот суд за човекови права. Обвинителството е подготвено, како и досега, врз основа на закон да соработува со меѓународни организации и да ги спроведува одлуките на Европскиот суд за човекови права“, велат од Јавното обвинителство за МКД.мк.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ