петок, 22 мај 2026

Jaвен обвинител од Гостивар прободен со нож

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Јавното обвинителство на Македонија, јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники.

Обвинителството презема дејствија за расчистување на настанот.

Министерството за внатрешни работи информира дека три лица се осомничени и приведени за физички напад со остар предмет врз обвинителот Х.И.(39) од село Форино, што се случил утрово, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот.

„Утрово во 6.10 часот од полициски службеници од Полициското одделение Чегране биле лишени од слобода Н.С.(40), неговиот малолетен син, двајцата од село.Чегране, гостиварско и Б.Ф.(41) од село Церово, тетовско, поради постоење основи на сомнение дека околу 05.30 часот во село Чегране, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнале и со остар предмет го повредиле Х.И.

Обвинителот бил бил пренесен во Општата болница „Ферид Мурат” за укажување на лекарска помош, додека тројцата приведени со кривична пријава во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основен суд Гостивар, се вели во соопштението од Министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ