петок, 22 мај 2026

Јанакиески скршил колено, одложено рочиштето за „Шпански скали“

Објавено на

часот

Сподели

Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска на почетокот на денешното рочиште, информираше дека одбраната на Јанакиевски доставила оригинален документ од медицински преглед од 13 декември во „Аџибадем Систина”.

„Со оглед дека станува збор за фрактура на колено и се препорачува строго мирување на обвинетиот, денешното рочиште се одложува“, изјави судијката Јанчулева Михаиловска.

Во случајот „Шпански скали”, покрај поранешниот министер за транспорт и врски Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ