„Против правосилно осуденото лице Г.С. издаден е упатен акт на 02.02.2021
година да се јави на издржување на затворската казна, при што од страна
на судот испочитувани се сите Законкси утврдени рокови, а по добиено
известие дека осудениот не се јавил на издржување на казната затвор,
издадена е потерница за негово приведување до надлежното Министерство за внатрешни работи“, ни одговорија од Судот.
Од таму додаваат дека тој е осуден на една година затвор заради кривичното дело Злоупотреба на службената положба по чл. 353. Ст. 1 од КЗ.
Пресудата била донесена на 1 февруари, 2019 година, а од 16 декември, 2020
година е правосилна.
Полицијата го приведе на бензинска пумпа на булевар „Србија” во Скопје.
„на 16.12.2021 во 16:15 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги на бензинска пумпа на булевар Србија во Скопје го лишија од слобода Г.С. (51), роден во Струмица, а со адреса на живеење во Скопје, кој бил баран со потерница по наредба од Основен Суд-Скопје 1 вв чл.353 ст.3 од КЗ на РСМ, за казна затвор од една година. Лицето е предадено во КПУ Затвор Скопје-Скопје за издржување на казната”, соопшти вчера МВР.
Стојков, поранешниот полициски генерал на 6 декември 2016 беше пуштен од затвор. Тој во случајот „Шпион” беше осуден на 9 години затвор, а со пресуда на Апелацискиот суд казната му беше намалена на 3 години и 3 месеци затвор. Оваа казна ја отслужи во целост.






