Кога ќе истече рокот за извинување, ако изостане извинувањето ќе поднесам тужба со очигледни докази за тоа како до сега свесно се лаже. Претпочитам обвинителката да се извини, се вели во барањето на Ременски.
Таа смета дека обвинителката Русковска свесно и намерно изнесе невистинити факти, штетни за нејзините чест и углед, штетни за угледот на институцијата што ја претставува, за други институции и штетни за објективното информирање на јавноста, затоа што како јавен обвинител знае и е должна да знае што е вистина, а што невистина во јавно изнесеното.
Во емисијата Русковска изјави: „Само едно можам да споделам со Вашите гледачи, а тоа е дека отидов со налог за претрес во домот на Ременски им отвори постара жена, мислам дека мајка на сопругот и овие покажале налог за претрес и влегуваат …, звонат да дојде не доаѓаат, се јавуваат у Собрание, дали е у Собрание, бидејќи беше потпретседател на Собрание, ни викаат си отиде и кога ги искључија камерите, што ги имаа надзорните во домот, тогаш за неполни 5 минути дојдоа, и Фросина и сопругот. И Фросина Ременски како потпретседател на Собранието на РСМ со меморандум од Собранието, со архивски број со потпис потпретседател на Собрание на РСМ д-р Фросина Ременски испраќа известување до Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди против полициските службеници што вршеле претрес кај нејзе дома. Мене тоа кога ми го покажаа, јас му се јавив на претседателот г-нот Талат Џафери и го прашав дали е запознаен со таа работа, тој ми одговори дека тоа е чиста злоупотреба, затоа што го користи Собранието за приватна работа. И тогаш претседателот Џафери ми кажа според Деловникот на Собрание во името на Собранието со други институции единствено овластување да комуницира е самиот претседател и никој друг …“.

Ременски вели дека обвинителката свесно и намерно изнесе невистини не само како физичко лице, туку и како одговорно лице – јавен обвинител кој е страна во постапка и имала увид во вистинитите факти кои се спротивни на сите изнесени невистини.
„Впрочем, Вие (Вилма Русковска) изворно знаете дека, Фросина Ременски никогаш не доставила, ниту пак поднела известување/претставка до Одделот за внатрешна контола и професионални стандарди при МВР против неовластените дејствија на полициките службеници како потпретседател на Собранието на РСМ во меморандум на Собрание, со потпис и печат.
Вие изворно знаете дека, не само што не постои претставка во меморандум на Собранието за што свесно изнесовте невистини, туку знаете и ја имате на увид мојата претставка доставена до Одделот за внатрешна контрола во МВР и до министерот за внатрешни работи доставен во меморандум на адвокатското друштво кое е мој правен застапник.
Дотолку повеќе што знаете дека, никогаш не сум го споменала, ниту сум се повикала на некаков пратенички статус или имунитет во целата постапка – од почеток до денес.
Ова го сметам за груба навистина, но и дрскост на јавен обвинител неповикано да интерпретира комуникација со претседател на законодавната власт во државата.
Дополнително, свесно изнесовте невистини во врска со претресот во мојот дом со кој раководевте по телефон и издававте незаконски наредби на полициските службеници. Знаете исто така дека, не само што претресот е извршен на незаконит начин и без обезбедени услови за вршење претрес согласно членот 191 од ЗКП, туку Вие лично штитејќи се себе си од одговорностите од позиција на сила ги попречивте сите законите права, обврски дејствија на други независни институции кои постапуваа во претставките и поднесоците поднесени од моја страна.
Знаете и тоа дека Фросина Ременски не дошла „за неполни 5 минути откако биле исклучени камерите“, туку час и половина подоцна. Записникот во кој полициски службеник го наведува тоа е Ваш доказ во судската постапка, а тој содржи факти спротивни на изнесените невистини.
Фалсификувањето на фактите е предмет за друга постапка“, се вели во барањето на Ременски.
[video:https://youtu.be/PmcY1td0DxY autoplay:0]





