Ова всушност значи дека ЕСЧП одбил да и наложи на државата да го пушти Камчев во домашен притвор и да му бидат извршени прегледи од кардиолог.
Владиниот агент на Бирото за застапување на државата пред ЕСЧП Даница Џонова, во изјава за МИА, потврди дека барањето за времена мерка против државата за Камчев е одбиено.
Адвокатскиот тим на Камчев, претходно во неколку наврати алармираше дека имаат медицински белешки од кардиолози од земјава и странство, кои укажуваат дека тој спаѓа во група на пациенти со висок ризик од смрт поради кардиоваскуларни проблеми. Врз основа на тие белешки, одбраната на Камчев, го поднела и барање пред ЕСЧП.
Камчев веќе неколку месеци е во притвор како обвинет во случајот „Плацевите на Водно”, кој се наоѓа во доказна постапка.






