петок, 22 мај 2026

Европратеници бараат мониторинг за случајот Камчев преку Делегацијата на ЕУ во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Прашањата кои тие ги покренуваат до Европската комисија се однесуваат на тоа како Европската комисија планира да ја насочи поддршката на Европската Унија за Македонија при постоење контиунирано кршење на човековите права во земјата и докази за полициска бруталност.

Европратениците поставуваат конкретни прашања пред Европската комисија за случајот Јордан Камчев кој е обвинет за финансиски мотивирани, ненасилни злосторства, но е притворен под животно загрозувачки услови и покрај тоа што боледува од вродена срцева болест.

Според нив, постапката укажува на незаконски контекст (жалба за белешка од тајната служба, потенцијално пристрасен одговорен обвинител, осум продолжувања на 30-дневен притвор, злоупотреба на фотографии од притворениот на неодамнешните избори од страна на владејачката партија…). Дополнително, неразбирлива е и одлуката покрај независните медицински препораки властите да одбијат да го преместат притвореникот во домашен притвор.

Европратениците потсетуваат и на пресудата на Европскиот суд за човекови права против Македонија за докажана мотивирана полициска бруталност во случајот со Фатмир Мемедов.

Од Европската комисија овие четворица пратеници бараат мониторинг на случајот против Јордан Камчев преку Делегацијата на ЕУ во Скопје и бараат конкретни одговори на прашањата во однос на тоа како Комисијата планира да ја насочи поддршката на ЕУ за Македонија со цел да се елиминира повторно кршење на човековите права?

Прашуваат на кој начин Комисијата ќе поддржи унапредување на полициските методи во Македонија со оглед на доказите за расистички мотивирана полициска бруталност.

Дали Комисијата ќе ја следи постапката на г-дин Камчев од страна на Делегацијата на Европската Унија во Скопје и ќе ги повика властите во Северна Македонија целосно да ја почитуваат Европската конвенција за човекови права, прашуваат европратениците Иван Штефанец, Перниле Вејс, Петер Полак и Карен Мелчиор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ