петок, 22 мај 2026

Две и пол години затвор доби возачот кој со автомобил ја уби Белчовска, донорот на органи што спаси три животи

Објавено на

часот

Сподели

Во јули годинава Основниот суд во Струмица му изрече пресуда 15 месеци за сообраќајната несреќа која се случи на 7 април годинава на булеварот „Ленинова” во Струмица, кога момчето кое возело автомобил марка „нисан” удрило во Верица, која преминувала на пешачки премин. Возачот избегал од местото на несреќата, а подоцна, истиот ден, сам се пријавил во полициска станица.

Пресудата на Апелацискиот суд ја соопшти адвокатката на семејството Белчовски преку писмена изјава за медиумите.

По загинувањето на Верица, семејството ги донираше нејзините органи, кои спасија три животи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ