сабота, 23 мај 2026

Четворица адвокати на Мијалков бараат реакција од Израел

Објавено на

часот

Сподели

„Во решението на Основниот кривичен суд е наведено дека постои опасност од бегство затоа што Мијалков е во контакт и блиски врски со разузнавачките служби на Израел, кои ќе му овозможат бегство во секој миг кога ќе посака без патна исправа и дека ќе му дадат засолниште“, изјави денеска адвокатот Звонко Давидовиќ.

Ова е „апсурдно образложение и претставува нешто што досега не е видено”, вели Давидовиќ.

„Ова е вторпат обвинителството да постапува на таков начин. Се сеќавате кога Вилма Русокоска кажа дека има личен извор кој никако да го именува. Баш би сакале да го именува за да го провериме и тоа. Овој пат имаме име на држава која се спомнува и затоа одиме на овој начин да провериме и да ѝ покажеме на јавноста на кое ниво е судството и со какви работи се служат и обвинителството и Кривичниот совет на Основниот кривичен суд“, додаде Давидовиќ.

Адвокатите очекуваат оти израелската амбасада ќе ги провери овие информации, а потоа „ќе даде демант или ќе се обрати до јавноста”.

„Очекуваме амбасадата да ги провери овие факти и да постапи онака како што му налагаат неговите правила на служба. Ние имаме право да побараме едноставно известување за целата состојба, а и да ја информираме државата Израел со која имаме блиски пријателски односи и ваквото нешто навистина е недолично“, рече Давидовиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ