„Второстепениот суд постапувајќи по жалбите од обвинетите и нивните бранители, изјавени против првостепената пресуда – К. Бр. 1904/16, од обвинителството означен како ‘Насилство во О.Центар’, од 29.09.2020 година, ги одбил жалбите како неосновани, а пресудата на Кривичниот суд се потврдува. Со пресудата седум обвинети беа огласени за виновни и осудени на: Н.Г. – затворска казна во траење од 1 година и 6 месеци, додека М.Ј., А.Т., Д.С., Д.Т., Т.П. и И.Б. на алтернативна мерка – Условна осуда“, велат од Основен кривичен суд Скопје.
Предметот „Тарифа” пак скопска Апелација го врати на повторно судење и сега е заведен со број КОК бр. 123/21. Термин за прво рочиште дополнително ќе биде определен, соопшти судот.
„Тарифа“ е еден од предметите со најмногу рочишта, над 60. Според обвинението, станува збор за злоупотреба на околу 4,4 милиони евра државни пари на ЕЛЕМ.






