петок, 1 мај 2026

Жика Стојановски, независен кандидат за градоначалник на Илинден, ги собра неопходните потписи

Објавено на

часот

Сподели

„По исклучителните резултати што ја прават општина Илинден една од најуспешните на национално ниво во однос на одржливиот економски раст и развој, подготвен сум да продолжам со работа.

Се познаваме од 2005 година, започнавме со големи предизвици, работевме фокусирано и посветено, и сега, Општина Илинден како отворена, транспарентна и одговорна локална самоуправа, својот успех го мери преку критериумите: животен стандард, квалитет на живеење, образование,  згрижување на деца од предучилишна возраст,  вработеност.

Со кандидатурата за градоначалник следува листа на кандидати за членови на  општинскиот Совет, тоа се добри и чесни луѓе кои знаат како храбро и сигурно да се соочат со проблемите на секое населено место и секој поединец. Целиме кон подобар живот и среќни луѓе“, изјави Стојановски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ