петок, 1 мај 2026

Згрижувањето на Авганистанците ќе ја чини државата вкупно 74.000 денари

Објавено на

часот

Сподели

Со згрижувањето на граѓаните од Авганистан, напомена Заев, ќе ја испратиме клучната порака, на солидраност, и ќе покажеме дека мала земја како нашата, рамо до рамо со развиените држави, подава рака и во најтешките моменти.

„Зошто се опредилвме за поголема бројка од некои поголеми држави? Зашто веројатно имаме поголемо срце, зашто сме повеќе луѓе, зашто живееме во регион кој трпел конфликти, пател и знае што е солидарност. Такво е и Скопје кое ја испрати пораката за солидарност во 1963 година. Се работи за прашањето дали сме луѓе или не, да подадеме рака. И еден човек да спасиме, мислам дека го спасуваме светот. Ние се јавивме и се понудивме заедно со стратешките партнерни да го споделиме тоа што значи одговорност, принципи и вредност“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по увидот во изградбата на мостот „Љублљанска”.

Заев повтори дека е многу важна подготвеноста на една мала земја, тука, во срцето на Балканот, рамноправно со целиот демократски свет, да ја испрати пораката на човечноста и хуманоста.

Премиерот дополни дека од авганистански граѓани прво ќе стигат гмиротворци, активисти за човекови права, новинари, преведувачи, жени, деца, асистенти на нашата Армија кои за 19 години опслужиле 3.500 македонски војници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ