петок, 1 мај 2026

Заштитата на децата од насилство е приоритет и значајна заложба на општеството, вели Шахпаска

Објавено на

часот

Сподели

„Заштита на децата од насилство е приоритет и значајна заложба на нашето општество бидејќи сите форми на насилство, злоупотреба и занемарување на децата, кои потенцијално го загрозуваат или го нарушуваат физичкиот, психичкиот и моралниот интегритет на личноста на детето, претставуваат повреда на основните права на детето содржани во Конвенцијата за правата на детето”, рече министерката.

Националното координативно тело со поддршка на Уницеф го спроведе процес за идентификување и собирање на податоци за деца жртви на насилство, злоупотреба и занемарување.

За таа цел креирани се посебни индикатори за прибирање на податоците за пријавени деца жртви на насилство во сите сектори: образование, здравство, социјала и полиција. Со помош на тие индикатори се изготви и Стратегија за работа по која ќе се планираат и следните чекори.

На состанокот беше усвоен протоколот за постапување на мултисекторските тимови за заштита на деца жртви на насилство и се разговараше за ревизија на Акцискиот план и дигитализирање на внесот на податоци за децата жртви на насилство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ