Тестирањето на досега пријавените кандидати веќе се спроведува, па за кандидатите кои ќе се пријават од денеска до 25 август ќе се спроведе дополнително тестирање, соопшти ДЗС.
Списоците на досега пријавените кандидати и информациите за времето и местото на тестирање се објавени во комисиите на пописните реони. Контактите со овие комисии и дополнителни информации поврзани со тестирањето се достапни на следниот линк.






