четврток, 30 април 2026

Заев: Владата донесе важни одлуки, им благодарам на странски сили за помошта

Објавено на

часот

Сподели

„Овој пожар каде што се наоѓаме, е најголем, но не значи дека не може да се разгори поголем пожар на друго место во земјава. Температурите се високи, а ветер и натаму дува што ја отежнува борбата со огнот. Овде каде што се наоѓаме се работи за борови шуми и многу смола од дрвјата, поради што огнот долго тлее”, оцени Заев.

Тој рече дека е многу важно што во меѓувреме се регулирани сите оние детали околу обезбедување и рационално распоредување на силите, но и дека се регулирани сите одлуки околу прелетите на странските воздухоплови.

„Донесени се одлуки за користење на нашето небо, со цел да не се плаќа за тоа, регулирани се постапките по однос на таксите на ТАВ аеродромот, донесена е одлука во однос на користење на резервите на керозинот и другите горива и ресурси, како и во однос на навремено обезбедување со други потреби”, рече Заев.

Премиерот изрази благодарност за ангажманот на силите од Австрија, Словенија, Србија и Бугарија и рече дека денеска ќе дејствува романскиот авион „Спартан”, а дека се очекува и вториот романски авион да пристигне.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изјави дека е добра координацијата со Владата и дека на барање на Центарот Владата одржала итна седница на која беа донесени потребните одлуки поврзани со дејствувањето на терен. Тој, како и градоначалникот на Берово Звонко Пекевски брифираа за моменталната состојба со пожарите на државно и локално ниво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ