петок, 1 мај 2026

Заев по средбата со Јанев: Проблемот со Бугарија е билатерален и ние треба да го решиме

Објавено на

часот

Сподели

Заев нагласи дека денеска разговарале за билатерален проблем, дека проблемот со Бугарија е таков – билатерален и дека решението треба да го најдат двете страни.

„Разговаравме за суштината за структурата на можното решение на проблемот преку патоказот, секторска соработка со конкретни рокови, а го искоментиравме и португалскиот предлог. Исчекор е и тоа што седиме заедно. Решението мора да води грижа за интересите на двете страни и само така граѓаните ќе го поддржат “, рече Заев на прес-конференцијата.

Тој, како што рече, убеден е дека денешните средби ќе донесат само добро за двата братски народи и апелираше до граѓаните во двете земји да го поддржат добрососедството, соработката и пријателството и меѓусебната братска поддршка за иднината на двете земји и народи.

Според бугарскиот премиер Јанев, на средбата констатирале дека во моментов има прозорец на можности да се работи на нерешените прашања како дел од Договорот меѓу двете земји

„Важно е да создадеме атмосфера на доверба и пријателство, а нашите експерти да најдат вистинско решение. Делегацијата од Северна Македонија дојде со предлози кои интензивно и професионално ќе ги разгледуваме, почнувајќи уште од денес. Сетоп тоа треба да биде во рамки на правилата и дијалогот, со цел да не внесуваме проблеми во Европската Унија“, рече Јанев.

Одговарајќи на новинарско прашањеза вметнување на Бугарите во Преамбулата на уставот, Заев најави отворање на Уставот пред влезот во ЕУ.

„Веќе сум кажал дека Република Северна Македонија пред влезот во ЕУ ќе го отвори Уставот и ставот е да бидат впишани сите помалубројни народи како бугарскиот и хрватскиот на пример. Ако сакаме да бидеме членка на ЕУ треба да имаме европски устав како што е хрватскиот“, одговори Заев.

По средбата со Јанев, Заев замина на средба со претседателот Румен Радев, а со државните лидери ќе се сретне и вечер на вечерата организирана за македонската делегација.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ