„На бреговите на нашето преубаво Охридско Езеро, каде се наоѓаме е од исклучителна важност да имаме ваков тип на настани, кој е од светски ранг- не само затоа што ја имаме оваа природна убавина, туку многу повеќе заради тоа што преку ваквите настани ја промовираме државата, ги промовираме нашите реткости и стекнуваме пријатели, кои ни помагаат убавиот збор за нашиот народ и нашата држава да стигне далеку.” рече Заев кој го означи и почетокот на купот во своето воведно излагање.
Заев упати и честитки до организаторот Пливачката федерација на Македонија и до нејзиниот претседател Александар Маленко и неговиот тим, кои се заложија и се заслужни за тоа што ние сме дел и од Извршниот комитет за далечинско пливање, а во Светската пливачка федерација – ФИНА, Македонија е препознаена како една од само петте земји во светот, во кои се организираат официјални трки за Олимписката дисциплина на 10 километри.






