петок, 1 мај 2026

Заев: Очекуваме четири хеликоптери од Србија

Објавено на

часот

Сподели

Според него, сите сили и капацитети на системот се ангажирани под прецизна команда на Центарот за управување со кризи.

„Утрово два хеликоптери интензивно учествуваат во гасењето, а секој момент очекуваме да се приклучат уште четири, како помош од Република Србија. Во интензивна комуникација сме и со нашите НАТО сојузници од регионот кои се будни и подготвени да ни испорачаат помош согласно условите на теренот.

Во моментов се активни 13 пожари, повеќето се локализирани, кочанско е под контрола, а поинтензивна борба со огнот се води околу Старо Нагоричане, каде се насочени сериозни капацитети во гасењето.

Не одете во шумите, бидете внимателни и одговорни, заедно ќе ги надминеме овие пеколни предизвици“, напиша Заев на Фејсбук.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ