петок, 1 мај 2026

Заев очекува разговорите со Бугарија да продолжат штом се формира нова влада во Софија

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција по Регионалниот економски форум во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“,  Заев рече дека и Бугарија е добредојдена да се приклучи на оваа иницијатива иако е членка на ЕУ.

„Посакувам Бугарија навистина да направи влада. Тоа е добро и за Бугарија и за бугарскиот народ, секако и за регионот. Добро е и за Северна Македонија. Штом ќе се направи влада, ние рековме продолжуваме да разговараме сѐ додека најдеме решение.  И како што ние и нашите граѓани сега одат со лични карти низ нашите граници, каде што ги разменивме ресурсите за справување со катастрофи, па ќе можат и тие да се приклучат доколку сакаат. Затоа што ова е Балкан. Иако се земја членка на ЕУ, зошто не. Така што ова го испраќам како порака дека мал ни е регионот, мораме да соработуваме, да си помагаме, пред сѐ заради нашите граѓани, а секако и понатаму да се интегрираме затоа што тоа, исто така, носи придобивка за нашите граѓани“, изјави Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали очекува позитивни промени по изборите во Бугарија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ