петок, 1 мај 2026

Заев: Коалицијата со Беса продолжува и на локалните избори

Објавено на

часот

Сподели

„Со претседателот на Бesa Билал Касами се согласивме дека партнерството во нашата коалиција ќе продолжи да се развива и на претстојните локални избори, за кои согласно спецификите на различните општини ги бараме и утврдуваме најдобрите кандидати кои ќе го дадат најдобриот резултат за нашиот народ“, напиша Заев.

Тој воедно оценува дека коалицијата СДСМ – Бeса минатата година поставила нови стандарди во современото политичко дејствување во Северна Македонија.  Денес, како што наведува, оваа соработка е на уште повисоко ниво и дава одлични резултати низ работата на Владата. 

Пред една недела генералниот секретар на Беса Арјанит Хоџа изјави дека неговата партија нема да се приклучи кон евентуалната коалиција на СДСМ и ДУИ за локалните избори, и оти се подготвуваат на изборите да настапат сами. Како партија, нагласи тој, ценат дека нивното присуство во Владата направило разлика и сакаат таа разлика да се отслика во гласови и реално како политичка партија да видат како ќе биде оценето нивното десетмесечно учество во извршната власт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ