петок, 1 мај 2026

Заев: Имаме големо срце, затоа ќе примиме повеќе Авганистанци во споредба со други земји од ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

„По глава на жител ќе примиме повеќе хуманитарци, активисти, луѓе кои работеле за НАТО, и новинари и други интелектуалци, а тоа е така зашто веројатно имаме поголемо срце, затоа што имаме трауми во блиското минато и знаеме колку е важно да се подаде рака. Ги знаеме сликите од страотните сцени во Авганистан. Сакаме да помогнеме, има голем број и на деца кои се евакуираат. Немаме предрасуди, туку само сакаме да бидеме добри, хумани домаќини и организатори”, рече Заев.

Тој нагласи дека трошоците за овие лица ќе ги покријат САД, како и други земји и и светски организаци, како и невладини организации. Заев рече дека тоа не значи дека нашата држава нема да покрие некои од трошоците, како на пример трошоците за превоз од скопскиот аеродром, трошоците за медицински прегледи, ПЦР – тестови, давање на вакцини и слично.

На прашањето каков правен статуст ќе добијат овие лица во земјава и дали ќе им биде даден азил доколку побара некој, Заев рече:

„На пример,новинарите на Би Би Си ќе си работат за своите матични куќи и не значи дека ќе бидат затворени во хотел цел месец. Тоа заради илустрација, затоа што за лицата кои ќе дојдат од Авганистан, ќе биде даван времен престој од 90 дена. Немаме случаеви на барања на политички азил, но согласно меѓународно право ќе бидат разледани евентуални такви барања. Некои од бегалците кои ќе дојдат веќе најавиле дека веднаш ќе заминат во друга држаа, други дека ќе заминат во рок од 15 дена. Но, сеедно, секој ќе добие времен престој во траење до 90 дена”, одговори премиерот Заев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ