петок, 1 мај 2026

Заев до Мицкоски: Национализмот на ВМРО-ДПМНЕ постојано те води во изборни порази

Објавено на

часот

Сподели

„Да продолжиме сите да се навраќаме кон граѓаните, се надевам и тој, еднакво за сите. Кога тоа Мицковски ќе го прави и ќе настапува во една мултиетничка и мултирелигиска држава тогаш може да очекува поддршка од сите подеднакво. Кога се обраќате само кон една заедница, тогаш може да очекувате поддршка само од таа заедница. Пред изборите ќе повторам дека причините зошто ние победуваме, а тие губат на избори, е во нивниот национализам со кој настапуваат во државава која е мултиетничка и мултирелигиска. И тоа повторно ќе биде причина за следниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ. Се разбира, одговорноста е кај власта, а не кај опозицијата“, рече Заев кој во Јегуновце каде се пушти во употреба училишна спортска зграда.

СДСМ, како што кажа Заев, на крајот на оваа или почетокот на следната недела ќе објави нови кандидати за градоначалници. Одлуките ќе бидат донесени најдоцна до вторник 24 август.

Во владејачката партија се очекуваат да пристигнат уште четири анкети по што ќе се знаат кандидатите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ