„На овој начин граѓаните се ослободени од трошоци, а од друга страна овие институции добиваат редовни и предвидливи средства, односно овозможуваме нивна автономност и независност“, смета Шаќири.
Вториот столб во буџетот на министерството се парите за МАРнет во висина од 15.254.000 денари.
„Со одвојување на средства во буџетот, а и како дел од Националниот оперативен бродбенд план, продолжуваме да инвестираме во поврзувањето на универзитетите и сите останати образовни и истражувачки установи во мрежата на МАРнет, што ќе придонесе кон реализација на целите поврзани со зголемување на потребите по користење на бродбенд услуги и нивна промоција како и намалување на дигиталниот јаз“, рече Шаќири, додавајќи дека со поврзувањето на образовните и научните институции во мрежата на МАРнет ќе им биде овозможено на сите институции, студенти и истражувачи во земјава да ги користат сервисите на GEANT.
Останатиот дел од предлог буџетот за 2022 година, односно третиот столб со буџет од 277.532.000 денари, е предвиден за дигитализација на услугите и полесен, побрз, поефикасен пристап до нив за граѓаните и бизнисите.
„Системот за управување со документи, кој сега е проширен на 20 институции главно од централната власт, од 1 јануари ќе се прошири и кон него ќе се вклучат уште 300 други институции, а тоа се сите органи на државна управа и единици на локална самоуправа, односно општините. Со тоа ќе се стави крај на употреба на печатена хартија и меѓуинстутиционалната комуникација ќе се врши по електронски пат. Ова директно влијае на заштеда на средства и време, зголемување на транспарентноста и намалување на нивото на корупција. Тоа влијае и на зелената агенда“, истакна Шаќири.
Тој нагласи дека сите услуги, достапни до сите граѓани се приоритетна цел на МИОА за наредната 2022 година.
„Затоа, вложуваме во доближувањето на услугите до граѓаните на два начини: преку центрите за ‘Една точка за услуги’ и преку набавка на хардверско и софтверско решение за издавање на документи. Отворени се првите четири канцеларии ‘Една точка за услуги’, во Куманово, Охрид, Тетово и Битола. Со ова, освен во Скопје, овозможуваме и граѓаните од други градови на едно место да добијат услуги и информации од различни државни и јавни институции“, нагласи Шаќири, и додаде дека транспарентноста и отвореноста во работењето и редовната консултација со граѓаните е основа за креирање на политики и носење на одлуки кои се во интерес на сите граѓани.
Министерот Шаќири нагласи дека целта е до 1 јули идната година да се ослободиме од употреба на хартија.






