петок, 1 мај 2026

За 20 години ЕБР прерасна во единица обучена речиси до совршенство за најсложени задачи

Објавено на

часот

Сподели

Командантот на ЕБР, Вице Столески осврнувајќи се на нејзиниот раст и развој од батаљон во единица, потенцира дека ЕБР значи и зголемување на капацитетите, организациската структура, а со искуството собрано низ годините, како и преку соработка со сродните полициски единици во Европа и во светот, оваа Единица се карактеризира со целосна подготвеност да одговори на сите зададени полициски задачи, независно од нивната сложеност, самостојно, но и во координација со другите единици.

ЕБР, потенцира командантот, прерасна во високо специјализирана полициска единица, во чии рамки се воспоставени високи специфични, стручни и професионални критериумите за сите нејзини праипадници од сите аспекти, физички, ментален, здравствен, образовен и технички.

Единицата за брзо распоредување по својот состав, улога и професионални специфики,  претставува клучна алка во остварување на полициските цели на безбедноста, а тоа е заштита на сигурноста, слободите, правата, материјалните добра на граѓаните, како и заштита на правниот поредок, на јавниот ред и мир, овозможувајќи внатрешна сигурност и стабилност на државата, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. 

Тој нагласи дека сите нејзини припадници од 2001 година па сѐ до денес, преку своите активности, трансформации, вложен труд, врвни обуки, професионализам и постигнати видливи резултати, овозможија оваа полициска организациона да стане неопходна полициска формација. И токму заради тоа, рече Спасовски, се грижиме да ги постигнеме и одржиме оние највисоки европски и светски полициски стандарди на полициските формации од овој тип.

Министерот Спасовски оцени дека самата единица односно нејзините припадници зад себе имаат обуки до совршенство, во сложени, сурови, геопросторни и тактички услови.

Почнувајќи од 2017 година, потсети тој, се реализира динамичен процес на материјално-техничко оспособување на полициските служби и на полициските службеници, притоа потпирајќи се претежно на сопствени средства, односно средства од буџетот на Министерството, па во тие реализирани планови и проекции е опфатена и Единицата за брзо распоредување, односно сите нејзини припадници.

Премиерот Заев во обраќањето потенцира дека досегашните резултати на Единицата и на сите нејзини припадници се вградени во актуелниот статус што македонската полиција го ужива како признаен и респектибилен партнер на граѓаните.

„Заради сите овие постигнувања во текот на изминатите 20 години, убеден сум дека ЕБР ќе продолжи и во наредните децении да се развива како високо мотивирана, врвно организирана и профеисонална служба, која заедно со сите останати сегмени на нашиот бебзендосен систем ќе биде гарант за јавниот мир и за безбедноста на граѓаните, според моделите на сродните европски полициски единици, истакна Заев.

„Посебно значајно е што припадниците на ЕБР ги краси чувството и одговорноста на максимално пожртвувано исполнување на својата должност, кога тоа го налагаат ситуации кога е загрозена јавната и безбедноста на граѓаните, но и во ситуаицја кога природните катастрофи се закануваат по животот, здравјето и имото на граѓаните, рече Заев.

[video:https://youtu.be/bhb6ZCqLbfk autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ