петок, 1 мај 2026

Вучиќ: Србија е подготвена да ги прати своите хеликоптери за гасење пожари, ако Скопје процени дека е потребно

Објавено на

часот

Сподели

Ова, според Вучиќ, е предвидено и со иницијативата Отворен Балкан, а него не го интересира што мислат за таа иницијатива поединци на Запад, ако таа е добра за Србија, Северна Македонија и Албанија, и за благосостојбата на граѓаните на трите земји.

„Доколку има потреба да му се помогне на Скопје во гасењето на пожарите, ние веќе донесовме одлука и се согласивме нашите хеликоптери за гасење на пожари, бидејќи можат да носат 1.200 литри вода, да помогнат во гасењето на пожарите. Се надевам дека сега ситуацијата е многу подобра“, ја пренесува МИА изјавата на Вучиќ по посетата на завршните работи за реконструкција и изградба на Клиничкиот центар на Србија во Белград.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ