четврток, 7 мај 2026

Во војската нема место за политика, порача претседателот Пендаровски

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на државата нагласи дека е многу важно, „за време на целиот работен век политиката да се држи што подалеку од армиските редови. 

Пендаровски истакна дека офицерскиот чин значи чест, достоинство и одговорност кон Армијата и кон татковината.

„Од вас очекуваме да внесете нова енергија, нови знаења и вештини во структурите на Армијата и сето она што го научивте во изминатите четири години да го пренесете во командите и единиците со што ќе придонесете за зацврстување на борбената готовност и моралот на Армијата“, рече Пендаровски.

Шефот на државата порача дека во Армијата нема и не смее да има место за стереотипи и предрасуди од било каков вид.

„Не случајно Армијата е институција со континуирано висока доверба меѓу македонските граѓани. Нашите луѓе препознаваат дека припадниците на Армијата се мажи и жени од збор. Како што со право секоја година велиме дека припадниците на Армијата треба да ја почитуваат дадената заклетва, така и државата мора да ги исполнува своите обврски кон своите старешини и војници“, рече претседателот. .

Тој меѓу најголемите достигнувања за 30 години независна држава го вброи  членството во НАТО. 

Посебно признание денеска им беше одадено на тројцата најуспешни питомци, Реџеп Мустафовски, Илчо Георгиевски од родот „врски” и Дамјан Ангелески од родот „пешадија”. 

На свеченоста присуствуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и други  гости од Министерството за одбрана и Армијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ