„Ако ДУИ и СДСМ се европската вредност во која Кастриот Реџепи верува, тогаш Европска Унија ја боли глава од Кастриот, ДУИ и СДСМ. Реџепи прво самоволно стави потпис за пад на владата на СДСМ и ДУИ, а потоа откако исчезна повеќе од 10 часа го смени ставот и ДУИ и СДСМ му станаа пример за вредности. Методите со кои СДСМ и ДУИ го премислија Кастриот ниту се демократски, ниту се европски, туку се режимски“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се вели дека власта која Реџепи привремено ја спаси го изгуби легитимитетот да владее со Македонија и дека нивниот пад е неизбежен.
„Реалноста е дека граѓаните се одлучија за промени и затоа единствен излез од оваа криза и единствен спас за Македонија се брзи предвремени избори после кои ќе се формира стабилна влада која ќе ја извади Македонија од оваа безизлезна ситуација и ќе тргнеме напред“, пишува во реакцијата на најголемата опозициска партија.






