
Потпретседателот на партијата, Владимир Мисајловски вели дека огромно мнозинство од кандидатите се млади, некомпромитирани и нови имиња кои ќе внесат нова енергија, жар и ентузијазам за повеќе работи и многу успеси во развојот на општините.
Ова се кандидатите кои ги усвои Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ:
-Ѓорче Петров – Александар Стојковски, доктор – радиолог на Универзитетската клиника за радиологија.
-Куманово – Тони Михајловски, театарски, филмски и телевизиски глумец, водител на радио и телевизија и стоечки комичар.
-Бутел – Дарко Костовски, пратеник.
-Македонски Брод – Жарко Ристески.
-Свети Николе – Дејан Владев, Виш соработник за активни мерки и политики во Центарот за вработување во Свети Николе.
-Македонска Каменица – Димчо Атанасовски, вработен во училиштето „Св. Кирил и Методиј“.
-Берово – Елеонора Рашковска, раководителка на Подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување во Берово.
-Чашка – Зоран Здравевски, стопанственик.
-Градско – Киро Нацков, професор по историја.
-Пробиштип – Маријан Миленковски, лекар.
-Виница – Миле Петков, геодетски инеженер.
-Пехчево – Александар Китански, доктор по ветеринарна медицина.
-Лозово – Бошко Цветковски, магистер по правни науки.
-Карбинци – Виктор Паунов, вработен во приватна компанија.
-Чешиново – Облешево – Далибор Ангелов, член на Советот на Општината.
-Зелениково – Коста Маневски.
-Демир Хисар – Никола Најдовски, наставник по хемија.
-Маврово Ростуше – Мевдед Џафери, педијатар.
-Охрид – Кирил Пецаков, пратеник.






