четврток, 30 април 2026

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во државата

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката е донесена на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, чии членови вчера го прифатија  предлогот на Групата за процена за утврдување на постоење на кризна состојба на територијата на Македонија заради зголемена појава на пожари.

Одлуката за прогласување на кризна состојба на територијата на државата е донесена со оглед на потребата од рационално користење на националните ресурси и координираното дејствување на сите засегнати институции, заради зголемената појава на пожари и спречување на нивно ширење.

За Одлуката, ќе се извести Претседателот на Република Северна Македонија и Собранието. Заради операционализирање на Одлуката, Владата донесе и неколку заклучоци:

– На претседателот на државата да му предложи да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во справување со кризната состојба,

– Главниот штаб при Центарот за управување со кризи (ЦУК), веднаш да започне подготовка на акциски план за превенција и справување со пожарите, како и целосен преглед на расположливи човечки и материјално-технички ресурси и план за координирано дејствување.

– МВР, Армијата, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за здравство со сите останати засегнати државни институции, како и единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои можат да се стават во функција за справување со кризната состојба,

– Владата го задолжи Главниот штаб при ЦУК да определи лице за односи со јавност, кое на дневна основа ќе ја известува јавноста во врска со превенцијата и справувањето со пожари на територијата на државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ