четврток, 30 април 2026

Владата на Романија: Во рамки на ЕУ – механизмот испративме авиони во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

„Авионите ќе дејствуваат како поддршка на интервентните сили во оваа земја, погодени од шумските пожари манифестирани во последните денови.

Авионите ги опслужуваат околу 15 војници – пилоти, навигациски персонал и помошен персонал“, се вели во соопштението.

Владата на Романија вели дека со оглед на сериозната ситуација со која се соочуваат неколку земји во Европа, погодени од сериозни пожари, Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за вонредни ситуации, како Национална контакт точка, ги извести европските партнери за достапноста на поддршка од Романија и преку информациите портал посветен на CECIS (Заеднички итен комуникациски и информациски систем) на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, беше прецизирана потребата за интервенција на силите и средствата што ги нуди нашата земја.

„Авионот Ц -27 Ј Спартан, конфигуриран за гаснење пожари може да носи 6.000 литри вода (шест контејнери) на секој премин, дејствуваше, од 2017 година до сега, за гаснење на два шумски пожари во нашата земја – еден во областа на Месноста Швиниша, од округот Мехеинџи, и втората во областа Букеш, планините Вулкан, на границата помеѓу окрузите Алба и Хунедоара“, се вели во сооштението на романската влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ