Одлуката за располагање со резервите керозин е донесена врз основа на анализи и процена на природата и интензитетот на кризната состојба, како и потребата од рационално користење на националните ресурси и сили во нивната континуирана ангажираност во справувањето со последиците и потребата од дополнителни летови во наредниот период, имајќи предвид дека Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи располагаат со доволна количина ресурси – керозин, вели Владата и додава дека директорот на ЦУК информирал за актуелните состојби со пожарите.
„Ангелов информираше за сите актуелни и локализирани пожари одделно, на целата територија на Република Северна Македонија, при што беше истакнато дека ситуацијата на поголемиот дел се стабилизира и беше искажана огромна благодарност за несебичната помош од локалното население, припадниците на државните органи и помошта од повеќе пријателски земји“, пишува во владиното сооштение.






