Министерството потсетува дека за евакуацијата на нашите државјани од Кабул беше формирана посебна работна група во рамките на МНР и дека целата акција за евакуација започна на 15 август. Тогаш првата група граѓани беа евакуирани кон Доха, Катар.
„После неколку дена, сите граѓани беа евакуирани од Авганистан, а во изминативе две недели, преку преку Абу Даби, Осло и Лондон, сѐ до денес, сите наши граѓани се вратени во земјава“, нагласуваат од МНР.






