четврток, 30 април 2026

Трифонов со критики: Убаво што ѝ помагаме на Северна Македонија, ама и во Бугарија недостигаат пожарникари

Објавено на

часот

Сподели

„Ситуацијата со пожарите на Балканот е исклучително тешка. Прекрасно е да имаш добри соседи кои можат да одговорат на барањата за помош кога треба. Прекрасно е да си солидарен, да си добар и да даваш поддршка. Но не мислам дека кога твојата куќа и куќата на соседот горат истовремено треба да одиш и да ја гасиш таа на комшијата. Одлично е што ѝ помагаме на Северна Македонија и така треба, но каде води тоа? Кај нас недостигаат пожарникари и со пожарите треба да се справуваат шумските работници“, пишува Трифонов.

Потсетувајќи дека во Бугарија настрадале пожарникари, тој вели дека бугарската држава треба неодложно да го мобилизира сопствениот потенцијал за да се справи со пожарите во земјата, но и неодложно да побара помош од Европската Унија бидејќи за цела држава имаат само три хеликоптери.

Но, Трифонов не ги коментираше информациите дека пожарот кај Пехчево е само на два километри од бугарската граница и дека поради силните ветрови може да зафати делови и од бугарска територија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ