четврток, 30 април 2026

Теута Арифи која се вакцинираше со две дози „Синофарм“ е позитивна на ковид-19

Објавено на

часот

Сподели

Вчера по некои мали здравствени проблеми, бев тестирана и позитивна на Ковид-19. Почитувајќи ги здравствените протоколи, следните денови ќе останам во самоизолација примајќи ја потребната терапија, напиша Арифи.

Таа била вакцинирана со две дози и ги охрабрува граѓаните да се вакцинираат што е можно поскоро.

„Иако пред повеќе од месец и половина ја примив втората доза од вакцината, вирусот се уште е меѓу нас и може да биде инфициран секој. Благодарение на вакцинацијата досега имам само благи симптоми, затоа ги охрабрувам сите граѓани да се вакцинираат што е можно поскоро. Останете внимателни и одговорни, заштитете се себе, семејството и другите околу вас“, напиша Арифи.

Од Општина Тетово соопштија дека денеска таа добро се чувствува.

Соработниците од Кабинетот се тестирале за ковид-19, а меѓу нив нема заразени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ