петок, 1 мај 2026

Талат Џафери: И Крушево и АСНОМ јасно ги дефинираa мултиетничкиот, мултикултурниот и мултиконфесионалниот карактер на нашата држава

Објавено на

часот

Сподели

Џафери рече дека историјата, настаните низ неа, сами го детерминирале патот по кој треба да се чекори ако се следи разумот кој ја наметнал потребата од сплотување кон единствената, природна и остварлива крајна цел, а тоа е заеднички дом за сите со јасна визија, мудрост и разум, за сите кои ја надминале тесната и себична рамка, го отвориле умот и силно ги прегрнале благодетите кои ги нуди взаемната почит и соработка, прифаќајќи го изразувањето на особеностите и карактеристиките на секоја етничка заедница, на културата, јазикот, идентитетските обележја како природно право кое е нова додадена вредност на нашата земја.

На денешното свечено одбележување на 2 Август, Денот на Републиката, Џафери потсети на „тешките, државнички одлуки кои го деблокираа нашиот пат кон евроатланската интеграција. И на тој пат политички созреавме и ние како политичари и нашите граѓани меѓутоа, претходно се посветивме на воспоставувањето и градењето на добрососедските односи, иако, се чини дека работите повторно се усложнија, за жал. Спорот со Република Бугарија, го отежнува нашето чекорење кон европското семејство, иако бевме и се уште сме отворени за искрен дијалог, поучени од нашето долгогодишно искуство со друга соседна земја дека, единствено отворениот дијалог е вистинскиот начин за постигнување на взаемно прифатливи решенија. И, дозволете да се надоврзам на неодамна донесената Резолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадата на европските интеграции, која се донесе во Собранието на Република Северна Македонија на 29 јули со едногласно позитивно гласање на пратениците од различните провениенции. Па зарем не е тоа најдобра потврда за тоа дека имаме взаемна почит, водиме заедничка битка за одржувањето во живот на сонот на сите знајни и незнајни јунаци кои низ годините го положија најскапоценото? Заедно, да! Затоа што има една константа, а тоа е дека, ниту доброто, ниту лошото не бира по име, не бира по нација, не бира по вера, по пол, по социјален или економски статус, ниту пак бира по политичка припадност, едноставно, се случува и во еден миг, сите подеднакво сме исправени пред новиот момент.

…Оваа година прославуваме уште еден јубилеј, односно 20 годишнина од Охридскиот рамковен договор со кој што се постави новата структура за нашата меѓуетничка кохезија, со воспоставување на новите правила на општествена кохезија која ќе биде најцврстиот и најсолиден темел врз кој што ќе ја градиме сите заедно нашата евроатланска иднина. Со тој Договор на мирот, патот продолжи, затоа што има уште многу да се направи, има уште многу мостови да се изградат, мостови на пријателство, на добрососедство и мостови на поврзување, внатре и надвор од државата, во регионот и пошироко, меѓутоа, се е полесно кога сме сите заедно, сплотени, со заедничка визија и цел“, рече Џафери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ