„Кандидатот Горан Сугарески е познат помеѓу прилепчани и тој убедливо ќе победи на локалните избори во овој град. Во Свети Николе одиме со Сашо Велковски, кој е актуелен градоначалник и кој има многу направено за градот. Во скопски Карпош имаме сигурен победник уште во прв круг, а тоа е мојот досегашен колега во партијата, Душко Велковски. Во Тетово одиме со Хемди Алезмовиќ, стоматолог, кој ги има симпатиите и авторитетот кај сите заедници во овој град. Кандидат на СДСМ во Аеродром е Александар Филиповски, поранешен пратеник, кој има долгогодишно искуство во приватниот сектор. Убедени сме дека Филиповски е новиот градоначалник и јас лично гарантирам голема победа во оваа општина.
Нашиот кандидат во Сопиште е Сашо Стојановски, дипломиран правник. Во Јегуновце одиме со актуелниот градоначалник Дарко Блажевски. СДСМ ќе има свој канидат во Кавадарци – Горан Тодоров, дипломиран инженер. Кандидат во Кратово е Влатко Бојковски, еден од помладите кандидати, кој е дипломиран информатичар. Во Чешиново-Облешево одиме со актуелниот градоначалник Горан Крстев, а во Зрновци со Виктор Ангелов.
Во Илинден одиме со бизнисменот Александар Тодоровски. Во Демир Хисар одиме со магистерот Стевче Митревски, а со нов кандидат одиме и во Ново Село, таму е младиот Звонко Ангелов. Во Велес одиме со кандидатот Ненад Коциќ, актуелен пратеник и познат помеѓу велешани од многу проекти. Во Брвеница одиме со Мирко Стојановски, актуелен градоначалник кој ужива голема доверба кај граѓаните. Сите овие кандидати се убедливи фаворити на локалните избори“, истакна Николовски.






