петок, 1 мај 2026

Стоилов: Потешко се доаѓа до пасош врз основа на „бугарско потекло“

Објавено на

часот

Сподели

„Беа направени измени во законодавството со што се намалуваат можностите преку Агенцијата за Бугари во странство и разни организации да се фаворизираат одредени групи, да се влијае на тој начин во корист на некои партии или пак да се издадат лажни сертификати за бугарско потекло. Ние сакаме да опфатиме повеќе наши сонародници, но не со заобиколување на законот, туку со неговата стрикна примена. Барателите треба да имаат бугарско потекло и како во повеќето земји, тоа потекло може да се следи, да речеме, до три генерации во минатото. Тоа треба да биде по дирекна линија. Доколку се применат такви критериуми, мислам дека пропустите ќе бидат драстично намалени.“, вели министерот Стоилов.

„Eдна од тековните задачи на техничката влада е спротивставувањето на корупцијата. Иако оваа влада има ограничен мандат, има амбиција не само добро да ги организира парламентарните избори, вклучително и да ги пронајде коруптивните практики со купено контролирано гласање за време на изборите, туку и да ги разоткрие оние модели со кои се спроведува корупцијата, од кои дел, за жал, се законски“, вели привремениот министер за правда на Бугарија.

Тој вели дека корупцијата не е само проблем во балканските држави, туку тоа е и глобален проблем, но нагласува дека специфично за Источна Европа е трансформацијата на државната сосптвеност како резултат на приватизацијата и другите методи.

На прашањето за ставањето на тројца познати бугарски личности  на „црната листа“ на САД, Стоилов вели дека тоа е работа на бугарските власти и додава дека тоа прашање има правна страна, односно како да се усогласат ваквите постапки со бугарскиот правен поредок, бидејќи некои од нив би можеле да бидат оспорени пред судската власт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ