петок, 1 мај 2026

Стоилковски: Заев да каже дали во Софија понудил договор македонскиот да е ист јазик со бугарскиот

Објавено на

часот

Сподели

Според Стоилковски, не е прв пат македонската јавност детални информации од разговори на Заев и неговата свита за идентитетските прашања да дознава од извештаи од странство.

„Овој пат прецизно се пренесува, со навод од извори во бугарската власт дека Заев однел пет предлози, пет варијанти на таканаречен компромис, во коишто стоела и формулација за политичка декларација, ‘за јазичниот спор дека Бугарите и Македонците истовремено зборуваат ист јазик, но и на различни јазици коишто се одделно меѓународно признати’, а предлагал и декларација дека двата народи се братски. Ова е срамно. Доколку Заев директно не се огради од формулациите детално опишани во бугарските весници, но и ако тоа што го пишуваат таму е вистина, тогаш Заев безочно ја лажел јавноста и тоа е потврда дека директно преговара и на маса ја става посебноста на македонскиот јазик што е директно подривање на македонскиот идентитет и посебност”, рече Стоилковски.

Портпаролот додаде дека доколку Заев директно не се огради од наводите, дека тогаш тој молкум пред македонската јавност ја прифаќа негаторската теза дека македонскиот и бугарскиот се исти јазици, односно дека до кодификацијата на македонскиот јазик во 1945 година, македонскиот јазик бил форма или дијалект на бугарскиот јазик.

„Со молкот на Заев и без директен демант, Заев ги потврдува бугарските тези. А има две клучни прашања: Зошто Заев директно не се огради од тоа дека понудил решение коешто подразбира дека македонскиот и бугарскиот јазик се исти јазици, онака како што пишуваат бугарските медиуми, и второ: Зоран Заев јавно да каже што точно предложил како решение пред бугарската страна”, рече Стоилковски и порача дека доколку Заев прифати вакво решение или формулација како што пишува во бугарските медиуми, дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати и ќе го напушти договорот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ