„Посочив дека потребно е регионот конечно да направи сериозен чекор во однос на борбата и потрагата за подобар живот и посреќни граѓани. Иднината на регионот не е во градење на ѕидови, туку мостови кои ќе донесат подобар и побогат живот за сите, посочувајќи дека европското интегрирање треба да биде акцелератор на тие процеси. Истакнавме подготвеност за продлабочена соработка во рамките на Европската народна партија. Вучиќ даде поддршка на позициите за развој на соработката и продлабочено пријателство, како и иницијативата “мини шенген” која не смее да се гледа како алтернатива на Европската Унија туку како на начин на премостување на бариерите и развој на државите“, напиша Мицкоски на својот фејбук-профил по средбата.
Во изјава за МКД.мк македонскиот пратеник и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоилковиќ изрази благодарност до српскиот претседател Вучиќ за денешната средба.
Стоилковиќ по средбата изјави дека од српскиот претседател добил информација дека се уште чека на одлуката на македонската влада за да ги прими ветените четири српски хеликоптери за помош во гаснењето на пожарите во Македонија. Се чекало да биде закажана владина седница, вели Стоилковиќ.
Секој момент очекуваме да се приклучат уште четири хеликоптери, како помош од Република Србија, изјави синоќа македонскиот премиер Зоран Заев.






