Како што соопшти Кабинетот на претседателот на Републиката, на средбата беа разменети мислења за актуелните состојби поврзани со европските аспирации на земјава, како и за напредокот во клучните области.
„Во светло на последниот развој на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, двајцата соговорници разговараа и за односите меѓу двете земји, осврнувајќи се на напорите на Португалското претседателство со ЕУ и можностите за надминување на отворените прашања во пресрет на претстојниот Совет за општи работи на Унијата“, се додава во соопштението.






