петок, 1 мај 2026

Советот на амбасадори поддржува привремено вдомување на бегалци од Авганистан

Објавено на

часот

Сподели

Советот го изразува и своето жалење што и покрај големите усилби што ги вложи во текот на овие поминати 20 години за изградба на економско, социјално, културно и образовано развиено авганистанско општество, меѓународната заедница не успеа во нејзините намери и нејзината платформа не ги даде очекуваните резултати.

„Советот на амбасадори високо ги цени напорите што ги прави Министерството за надворешни работи и министерот за враќањето во земјата на нашите граѓани кои по разни основи се наоѓаат во Авганистан.

Советот на Амбасадори, исто така високо ја цени одлуката на Владата привремено да вдоми во Република Северна Македонија одреден број лица вработени во меѓународни организации, потоа на жени и деца од Авганистан на кои животот може да им биде загрозен од талибанските власти“, пишува во соопштението од Советот.

Според амбасадорите, граѓаните на земјата многу пати досега ги изразиле нивните чувства за солидарност и помош на сите народи во светот кои од разни причини имале и имаат потреба за помош. Тоа исто така претставува исполнување на обврска што Владата ја има кон НАТО, САД како наши досегашни силни поддржувачи на нашите евроатлантски аспирации и интеграции, како и кон меѓународната заедница во целина. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ